фото: Пиксалс

По експлозијата во селото Пржеводов, во непосредна близина на границата со Украина, во која загинаа две лица, Полска вечерва под зголемена борбена готовност стави дел од своите вооружени сили, изјави владиниот портпарол Пјотр Мулер, јави ДПА.

По сериозниот инцидент во близина на границата со Украина, што се случи попладнево, полскиот премиер, Матеуш Моравјетцки, за вечерва свика итна седница на владиниот Комитет за прашањата на националната безбедност, на која присуствувал и претседателот на државата Анджеј Дуда.

Милер потврди дека двајца Полјаци попладнево загинале во експлозија во машина за сушење жито во селото Пжеводов, на пет километри од границата со Украина, но не ја потврди неофицијалната вест на агенциите дека Полска е погодена од руски ракети.

– Имаше експлозија во која загинаа двајца полски државјани. Службите ги разјаснуваат околностите и ќе ги разјаснат и во текот на ноќта – рече Милер вечерва на кратката прес-конференција.

Иако полските власти не потврдуваат дека залутаните или намерно насочени руски ракети се одговорни за експлозијата и смртта на двајцата Полјаци, Милер кажа дека е крената борбената готовност на некои единици на полската армија и униформираните служби.

-Ние, исто така, проверуваме дали има причина да се активира членот 4 од Договорот за НАТО – што  се однесува на тоа кога една членка се чувствува загрозена од друга земја – рече Јацек Шевјера, советник на претседателот Анджеј Дуда, и додаде дека претседателот Дуда разговарал со Генералниот секретар на НАТО од Јенс Столтенберг.