Денешната серија руски воздушни напади во Украина предизвикаа штета на националната електрична мрежа, која претходно беше оштетена од нападите на руската војска од октомври, соопшти украинскиот оператор Укренерго.

Поради оштетување на мрежата, некои делови од регионите на Киев, Харков, Одеса и Херсон имаат проблеми со електричната енергија.

Сепак, „непријателот не ја постигна целта – системот работи“ и „дел (веќе) е обновен“, се додава во соопштението.