Руската специјална воена операција во Украина се одвива според оригиналниот план и ќе биде завршена на време, целосно спроведена, изјави денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавуваат руските медиуми, а пренесува МИА.

Според Песков, Русија не побарала помош од Кина во изведување специјални воени операции во Украина.

Претходно, американските медиуми „Фајненшл тајмс“ и „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани официјални лица од САД, објавија дека Русија од Кина побарала воена опрема, откако на 24 февруари, почна со нападот.

Следуваше предупредување од американските власти до Пекинг, дека ќе сноси последици доколку Кина се обиде да ѝ помогне на Русија да ја надокнади загубата од западните санкции.

Кина ги отфрли овие наводи на весниицте, оценувајќи ги за „дезинформации“, дека Русија побарала од Пекинг воена помош за акции во Украина.