Фото: Кремљ

Коментарите на САД кои изразуваат загриженост за состојбата на Алексеј Навални се неприфатливо мешање во внатрешните работи на Русија, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Соработниците на затворениот руски опозициски лидер претходно објавија дека ниту тие ниту неговите адвокати не се слушнале со Навални неколку дена.

Песков, изјави дека не знае каде се наоѓа Навални, кој бил преместен од неговата казнена колонија на непозната локација.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби претходно повика на итно ослободување на Навални, велејќи дека „никогаш не требало да биде затворен“.

Навални треба да биде префрлен во казнена колонија со специјално обезбедување, институција со највисоко ниво на безбедност во рускиот затворски систем.