Фото: Архива

Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани. Тој има респираторна инфекција и ќе мора да помине неколку дена во болница, соопшти Ватикан, а пренесе „Би-би-си“.

– Светиот Отец е во болницата „Џемели“ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации.

Папата има потешкотии со дишењето во последните денови, но нема ковид-19, се додава во соопштението.

– Папата Франциско е трогнат од бројните добиени пораки и изразува благодарност за блискоста и молитвите – наведуваат од Ватикан.

Папата утринава претседаваше со својата неделна општа аудиенција на плоштадот „Свети Петар“.