Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека ослободувањето на првата група заложници денеска од Хамас е само „почеток“ и дека има „реални“ шанси да се продолжи привременото примирје во Газа.

Говорејќи пред новинарите во Нантакет, Масачусетс, каде што го поминуваше празникот Денот на благодарноста со своето семејство, Бајден додаде дека е време да се „обнови“ работата за решение со две држави за мир меѓу Израел и Палестинците.

– Очекуваме утре да бидат ослободени уште заложници. И уште еден ден подоцна, и уште еден ден после тоа. Во следните неколку дена очекуваме десетици заложници да бидат вратени на нивните семејства – рече Бајден, додавајќи дека нема да запре додека сите преостанати заложници во Појасот Газа не се вратат дома.

Американскиот претседател нагласи дека мора да заврши „циклусот на насилство на Блискиот Исток“.