Ге­о­по­ли­тич­ка ко­ми­си­ја или, пак, ни­што по­себ­но

Да­ли па­ла­та­та Бер­ла­мон ќе го оправ­да сопс­тве­но­то прог­ла­су­ва­ње за „ге­о­по­ли­тич­ка европ­ска ко­ми­си­ја“? То­гаш но­во­и­ме­ну­ва­на­та пре­тсе­да­тел­ка на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Ур­су­ла фон дер Ла­јен, го прог­ла­си сопс­тве­ни­от со­став на клуч­но­то европ­ско те­ло за „ге­о­по­ли­тич­ка ко­ми­си­ја“. На­ви­дум тоа е круп­на про­ме­на за­тоа што ко­ми­си­ја­та и не­ма на­ме­на да би­де из­врш­но те­ло, „европ­ска вла­да“ ка­ко што ми­лу­ва­ат да ја на­ре­ку­ва­ат во ме­ди­у­ми­те низ Евро­па. Ср­це­ви­на­та на европ­ски­от про­ект и на­та­му оста­ну­ва единс­тве­ни­от па­зар, тој прв и клу­чен столб на Европ­ска­та Уни­ја, а Европ­ска­та ко­ми­си­ја е ед­но­став­но ре­гу­ла­тор на па­за­рот. Ме­ѓу­тоа, тоа ни­мал­ку не изг­ле­да прив­леч­но („се­кси“ ка­ко што би ре­кол Зо­ран За­ев), па за­тоа е по­ин­те­рес­но да се да­де сво­е­вид­на по­ли­тич­ка ѕвез­де­на пра­ши­на око­лу ин­сти­ту­ци­ја­та што ја пред­во­ди­те.

Во су­шти­на, иде­ја­та на пре­тсе­да­тел­ка­та на ЕК е од­лич­на. Европ­ска­та ге­о­по­ли­ти­ка пре­тр­пе пре­се­ри­оз­ни уда­ри во из­ми­на­ти­ве го­ди­ни. Сè за­поч­на уште со фа­моз­ни­от фран­цу­ски ре­фе­рен­дум од 2005 го­ди­на (прет­ход­но хо­ланд­ски­от пле­бис­цит) со кој се по­гре­ба уста­вот на фе­де­ра­ли­зи­ра­на­та Европ­ска­та Уни­ја, а кул­ми­на­ци­ја бе­ше бри­тан­ско­то из­јас­ну­ва­ње за из­лез од Уни­ја­та од 2016 го­ди­на, по­пу­лар­но на­ре­че­ни­от брег­зит. Иа­ко во ме­ѓу­вре­ме ЕУ ус­пеа да пре­бро­ди пре­се­ри­о­зен пре­диз­вик со долж­нич­ка­та кри­за, осо­бе­но ко­га грч­ка­та еко­но­ми­ја бе­ше до­ве­де­на на са­ми­от раб на бан­кро­тот. Де­но­ви­ве ме­ди­у­ми­те об­ја­ви­ја де­ка Гр­ци­ја го по­вра­ти­ла сво­јот ин­ве­сти­ци­ски реј­тинг, не­што што Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш го не­ма­ла, па тоа све­до­чи за мо­ќта на Уни­ја­та за про­дол­жу­ва­ње, прод­ла­бо­чу­ва­ње и про­ши­ру­ва­ње на европ­ски­от про­ект. Са­ми­от факт де­ка зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан и три­те пос­тсо­вет­ски зем­ји од по­ра­неш­но­то Источ­но парт­нерс­тво ба­ра­ат влез во ЕУ ка­ко пол­но­прав­ни член­ки, збо­ру­ва де­ка Уни­ја­та сè уште има огром­на прив­леч­на моќ.

Ме­ѓу­тоа, ге­о­по­ли­ти­ка­та на ЕУ се­га е пре­диз­ви­ка­на и од две­те вој­ни во Укра­и­на и во Га­за, ка­де што уло­га­та на Уни­ја­та е очиг­лед­но вто­ро­сте­пе­на. За жал, спра­ву­ва­ње­то со пос­ле­ди­ци­те од овие два су­ди­ра по­втор­но ќе пад­не на гр­бот на ЕУ, ка­ко во об­но­ва­та на Укра­и­на и на Га­за, та­ка и во под­др­шка­та за кое би­ло ми­ров­но ре­ше­ние што ќе сле­ду­ва по зак­лу­чу­ва­ње­то на два­та су­ди­ра.

Единс­тве­на­та точ­ка ка­де што ЕУ мо­же ге­о­по­ли­тич­ки се­ри­оз­но да по­ен­ти­ра оста­ну­ва За­па­ден Бал­кан, но ту­ка се су­ди­ра­ме со друг комп­лекс пра­ша­ња. Очиг­лед­но не­ма ин­те­рес за на­та­мош­но про­ши­ру­ва­ње кај зем­ји­те од ја­дре­на­та Евро­па, без прет­ход­на те­мел­на ре­фор­ма на Уни­ја­та, со дру­ги збо­ро­ви, без фе­де­ра­ли­за­ци­ја на ЕУ. Пра­ша­ње е да­ли, ко­га и ка­ко ќе се спро­ве­де оваа и ва­ква ре­фор­ма. Имај­ќи го пред­вид тоа, стра­те­зи­те во ЕУ пред­ла­га­ат не­ка­ков ме­ѓу­че­кор за зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан што ќе по­драз­би­ра влез во единс­тве­ни­от па­зар, са­мо­то ср­це на ЕУ и единс­тве­на точ­ка ка­де што се сре­ќа­ва­ат на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на си­те зем­ји член­ки. Ур­су­ла фон дер Ла­јен, ка­ко прет­ход­но на Глоб­сек во Бра­тис­ла­ва, та­ка и при блиц-по­се­та­та на Бал­ка­нот, спом­на не­ка­ков „фа­зен влез“ на зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан во единс­тве­ни­от па­зар, ве­ро­јат­но со це­ло­сен влез на единс­тве­ни­от па­зар за сто­ки, ка­пи­тал и ди­ги­тал­ни ус­лу­ги, не­ја­сен е пла­нот за пре­о­ста­на­ти­те ус­лу­ги, а ни­што не се спом­ну­ва за сло­бод­но­то дви­же­ње на лу­ѓе. Овој фа­зен влез е да­ле­ку по­мал­ку откол­ку што е по­треб­но за трај­но за­ко­тву­ва­ње на зем­ји­те во ЕУ, но би би­ло до­бро и тоа да се по­ну­ди со ја­сен план. Не­кол­ку др­жав­ни­ци од За­па­ден Бал­кан из­ле­гоа и со ба­ра­ње за итен при­стап на зем­ји­те од ре­ги­о­нот кон стру­ктур­ни­те и кон ко­хе­зив­ни­те фон­до­ви на ЕУ, уште пред членс­тво­то. За жал, не­ма ин­те­рес за та­ков про­бив и за­тоа раз­о­ча­ра пла­нот од до­пол­ни­тел­ни 6 ми­ли­јар­ди евра, кој е мно­гу по­кра­ток од ос­нов­ни­те по­тре­би. Се спом­ну­ва и иде­ја­та зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан, но и три­те пос­тсо­вет­ски зем­ји, да до­би­јат вед­наш де­ле­га­ти во Европ­ски­от пар­ла­мент, по мож­ност уште во след­ни­от со­став. Тоа ќе зна­чи мно­гу на сим­бо­лич­ки план, но да­ле­ку по­су­штин­ски е да дој­де до ин­те­гра­ци­ја на зем­ји­те во единс­тве­ни­от па­зар.

Што тре­ба да ба­ра­ат Ма­ке­до­ни­ја и дру­ги­те зем­ји од За­па­ден Бал­кан ка­ко ре­зул­тат на де­кем­ври­ски­от со­вет на Европ­ска­та Уни­ја?

Це­лос­на ин­те­гра­ци­ја на ед­на европ­ска зем­ја во за­пад­ни­те стру­кту­ри зна­чи пат ка­де што пр­ва­та ста­ни­ца е при­ем во Со­ве­тот на Евро­па, по­тоа влез во НАТО, ин­те­гра­ци­ја на еко­но­ми­ја­та во единс­тве­ни­от па­зар (ка­ко пол­но­прав­на член­ка на ЕУ, дел од Европ­ски­от еко­ном­ски про­стор или со би­ла­те­рал­ни до­го­во­ри, ка­ко Швај­ца­ри­ја), вклу­чу­ва­ње во шен­ген­ски­от про­стор, во­ве­ду­ва­ње на евро­то ка­ко ва­лу­та, а на кра­јот и ста­ну­ва­ње зем­ја член­ка на Ор­га­ни­за­ци­ја­та за еко­ном­ска со­ра­бо­тка и раз­вој (ОЕЦД). Во на­ше­то не­по­сред­но со­седс­тво единс­тве­но Гр­ци­ја го има изо­де­но це­ли­от овој пат, на Хр­ват­ска ѝ пре­о­ста­на уште влез во ОЕЦД, Бу­га­ри­ја и Ро­ма­ни­ја заг­ла­ви­ја при вле­зот во шен­ген-про­сто­рот, а си­те ние од За­па­ден Бал­кан сме во не­ко­ја не­бид­ни­на на ве­чен лет во ме­сто пред пор­ти­те на единс­тве­ни­от па­зар. Ток­му ја­сен ре­ги­о­на­лен по­вик кон ЕУ за итен влез на си­те зем­ји од За­па­ден Бал­кан во единс­тве­ни­от па­зар, но и ба­ра­ње одред­ни­ци за шен­ген, за во­ве­ду­ва­ње на евро­то и не­ка­кво при­друж­но членс­тво во ОЕЦД, ќе го из­ло­жи па­то­ка­зот на ре­ги­о­нот кон пол­на за­пад­на ин­те­гра­ци­ја.

Отсус­тво­то на ја­сен европ­ски план за це­лос­на за­пад­на ин­те­гра­ци­ја на За­па­ден Бал­кан го по­пол­ну­ва­ат Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви. САД ќе ин­си­сти­ра­ат Ки­ев да до­бие јас­на европ­ска перс­пе­кти­ва, а по мож­ност на бр­за лен­та, ка­ко дел од ми­ров­ни­от план по кра­јот на су­ди­ри­те во Укра­и­на. Европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја на Укра­и­на мо­же трај­но да ја вр­зе оваа не­среќ­на зем­ја во за­пад­ни­те ин­сти­ту­ции, што би би­ла не­ка­ква „утеш­на на­гра­да“ до­кол­ку не би­де мож­но тие да вле­зат во НАТО. Се­пак, за да се ста­ви тоа ма­са, ќе мо­ра да би­дат над­ми­на­ти си­те точ­ки што ја ко­чат ин­те­гра­ци­ја­та и на За­па­ден Бал­кан и на три­те пос­тсо­вет­ски зем­ји од по­ра­неш­но­то Источ­но парт­нерс­тво кон ЕУ. Во тој збир се ко­сов­ско-срп­ски­от ја­зол, устав­ни­те из­ме­ни во Ма­ке­до­ни­ја и вна­треш­ни­те ре­фор­ми на устав­ни­от по­ре­док во БиХ. При­ти­со­кот кон си­те овие зем­ји и по си­те на­ве­де­ни точ­ки ќе про­дол­жи, а САД ќе го пред­во­дат ка­ко во­деч­ка зем­ја од за­пад­ни­от свет. По­крај овие три пра­ша­ња, се ја­ви уште еден проб­лем со грч­ко-ал­бан­ски­от су­дир око­лу ста­ту­сот на но­во­из­бра­ни­от гра­до­на­чал­ник на Хи­ма­ра. Ќе ви­ди­ме да­ли не­кои од овие пра­ша­ња ќе се над­ми­нат до са­ми­тот.

Нај­ве­ро­јат­но сце­на­рио од де­кем­ври­ски­от со­вет ќе би­де за Ма­ке­до­ни­ја да се по­твр­дат из­ве­шта­и­те на „ге­о­по­ли­тич­ка­та“ европ­ска ко­ми­си­ја од па­ке­тот за про­ши­ру­ва­ње, да се усвои не­ка­ква ма­па за „фа­зен влез“ на си­те зем­ји во единс­тве­ни­от па­зар, ка­ко и да се под­др­жи пла­нот од до­пол­ни­тел­ни шест ми­ли­јар­ди евра за За­па­ден Бал­кан за ид­ни­те шест го­ди­ни. Иде­ал­но сце­на­рио би би­ло да се из­ле­зе со ја­сен па­то­каз за итен влез на си­те зем­ји од За­па­ден Бал­кан во единс­тве­ни­от па­зар, ка­ко со­став­ни зем­ји член­ки, да се отво­рат стру­ктур­ни­те и ко­хе­зив­ни­те фон­до­ви на Уни­ја­та за зем­ји­те од ре­ги­о­нот, ка­ко и да се за­бр­за по­ли­тич­ка­та ин­те­гра­ци­ја на тие др­жа­ви пре­ку овоз­мо­жу­ва­ње из­бор на де­ле­га­ци­ја во Европ­ски­от пар­ла­мент. Нај­го­ле­мо раз­о­ча­ру­ва­ње, пак, би би­ло да не се слу­чи ни­што, ка­ко во из­гу­бе­на­та де­це­ни­ја од 2010-ти­те (хр­ват­ски­от иск­лу­чок не го по­твр­ду­ва пра­ви­ло­то де­ка ЕУ про­дол­жу­ва со про­ши­ру­ва­ње, ту­ку са­мо пре­диз­ви­ка не­по­тре­бен нап­лив на те­о­рии на за­го­вор и фру­стра­ции во пре­о­ста­на­ти­от дел од за­бо­ра­ве­ни­от ре­ги­он).

Пред це­ли 18 го­ди­ни, ед­но сту­де­но де­кем­ври­ско утро ко­га Ма­ке­до­ни­ја осам­на со мно­гу снег, То­ни Блер об­ја­ви де­ка Ма­ке­до­ни­ја ста­на­ла зем­ја кан­ди­дат за членс­тво. То­гаш сме­тав­ме де­ка бр­зо ќе ја стиг­не­ме Хр­ват­ска во неј­зи­ни­от европ­ски по­ход, па де­ка за­ед­но ќе вле­зе­ме во Уни­ја­та, не­ка­де во 2010 (ду­ри и се на­вре­ду­вав­ме ко­га бе­ше спом­ну­ва­на 2012 го­ди­на). Во ме­ѓу­вре­ме не се слу­чи ни­што… Хр­ват­ска вле­зе во ЕУ, Цр­на Го­ра и Ср­би­ја за­поч­наа пре­го­во­ри (кои, исто та­ка, ни­ка­де не одат), а се­га друш­тво­то во че­кал­ни­ца­та ни се зго­ле­ми со уште три но­ви зем­ји. Де­кем­ври­ски­от со­вет на ЕУ мо­же да би­де во­до­дел­ни­ца, а мо­же да би­де уште ед­на ти­пич­на бри­сел­ска епи­зо­да на пум­па­ње огром­ни оче­ку­ва­ња што кул­ми­ни­ра­ат со ед­но го­ле­мо ни­што. Ре­зул­та­тот од са­ми­тот ќе го да­де и од­го­во­рот да­ли Европ­ска­та ко­ми­си­ја е ге­о­по­ли­тич­ка или, пак, ни­што по­себ­но.

Автор: Ивица Боцевски