Тринаесет годишно девојче било нападнато од страна на нејзини врсници, додека се враќала од училиште. Тие ја влечеле по земја и ја удирале по глава, додека други гледале. Нападот бил снимен и подоцна објавен на социјалните мрежи.
„Скај њуз“ пишува дека околу жртвата се собрале уште дваесетина деца и ја исмејувале.
Експертите предупредуваат дека ова е растечки тренд во британските училишта и дека ваквите инциденти се загрижувачки.
Можно е мотивите зад нападите да се самите видеа – момент на озлогласеност на социјалните мрежи, создавање содржина за споделување и смеење во приватните групи на „Снепчет“ (Snapchat). Неколку деца го снимиле нападот, а се чини дека многумина знаеле за заседата. Едно дете кое снимало се приклучило на нападот во одреден момент, удирајќи ја жртвата додека била на земја.
Дури и жртвата подоцна дознала преку социјалните мрежи дека нападот бил планиран. Ова храбро 13-годишно девојче реши да проговори за своето искуство.
– Имав модро око, главата ме болеше секогаш кога зборував. Целото училиште знае за ова. Дури и мило ми е што немам мобилен телефон, бидејќи мислам дека само би ме бомбардирале со пораки за тоа – рекло девојчето.
Нема мобилен бидејќи напаѓачите го згазиле. Били (44), полубрат и законски старател на жртвата, вели дека ова станува опасно лудо.
– Некое дете ќе го загуби животот поради ова лудило. Ова се случува низ целата земја – додаде тој.
Ваквото насилно однесување на децата подоцна се шири откако тие ќе го видат на социјалните мрежи.