Судан
Подготвил: Mарјан Велевски
Судан се соочува со генерациска катастрофа, бидејќи околу седум милиони деца немаат настава поради поплавите, гладот и нестабилната ситуација во таа земја, објави „Гардијан“.
Хуманитарните групи предупредуваат дека третина од децата во Судан не одат на училиште, додека преостанатите немаат доволно наставници. Најтешка е ситуацијата во Централен Дарфур, каде што 63 отсто од децата не одат на училиште, потоа 58 отсто во Западен Дарфур и 56 отсто во Источна Касала. Според УНИЦЕФ, во Судан 70 отсто од десетгодишните деца не знаат да прочитаат едноставна реченица.
Училиштата во делови на Судан повторно беа отворени оваа недела откако беа затворени поради поплави, но милиони деца сè уште не можат да одат на училиште.