Полска разговара со САД да ја вклучат во програмата за нуклеарно споделување, информира полскиот претседател Анджеј Дуда. Програмата им овозможува на некои сојузнички земји да добијат американско нуклеарно оружје и да можат да го користат доколку им дозволи Америка.

Прво, проблемот е што немаме нуклеарно оружје. Ништо не покажува дека Полска би можела да има во скоро време. Секогаш постои потенцијална можност за учество во програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери за тоа дали САД размислуваат за таква можност. Темата е отворена – изјави претседателот Дуда во интервјуто за новиот број на полскиот неделник „Газета Полска“.
Доколку Русија започне нуклеарна војна, како што додава Дуда, одговорните за тоа би биле проколнати во целиот свет.

Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција се вклучени во заедничката програма за нуклеарен одговор, а нуклеарното оружје е во нивните бази, но тоа може да се употреби само во рамките на заедничката одбрана на НАТО и со дозвола на САД.