Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија, по лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд. Затрупани се некои згради и автомобили рано утринава, објави новинската агенција Анса, повикувајќи се на локалната полиција.
Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека „во тек е потрага по исчезнати лица“ во градот Казамичоли.
Одронот повлече еден автомобил во морето, а двајца патници се спасени, додаваат пожарникарите.
Италијанските медиуми јавија дека се трага по вкупно 13 лица, а властите ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.