Фото/Илустрација: Совет за безбедност на ОН

Гласањето во Советот за безбедност на ОН за нацрт хуманитарната резолуција за Газа е одложено за утре.

Одложувањето беше направено за да се купи време за преговори меѓу САД и Египет, и САД и Обединетите Арапски Емирати – за да се утврди кој ќе го надгледува спроведувањето на хуманитарната резолуција на терен.

Според овој нацрт, од страните во конфликтот ќе се бара да дозволат непречена испорака на голема хуманитарна помош за палестинските цивили низ Појасот Газа.

Нацрт-текстот исто така повикува на итен прекин на непријателствата и чекори кон негово прекинување. Генералниот секретар треба да воспостави механизам за следење за следење на хуманитарните пратки, кој би траел една година.