Во Русија започна втората фаза од вежбата на нестратешки нуклеарни сили, во која учествуваат и силите на Белорусија – соопшти тамошното Министерство за одбрана.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека тактичките нуклеарни вежби на Русија се неопходни поради тензиите во Европа и непријателските дејства на САД и европските сили.
Песков додаде дека вежбите како оние што Русија ги спроведува заедно со Белорусија се нормална практика.
– За време на вежбата ќе бидат разработени прашања за заедничка обука на единиците на вооружените сили на Руската Федерација и Република Белорусија за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје – соопшти Министерството, а пренесе „РИА Новости“.
Забележано е дека целта на маневрот е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на двете земји, со цел да се обезбеди суверенитет и територијален интегритет на Унијата на Русија и Белорусија.
Министерството за одбрана на Белорусија вчера објави дека земјата ќе учествува во нова фаза од нуклеарни вежби со Русија.