Фото: Илустрација

Југозападна Турција денеска повторно ја потресе земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случи околу 16 часот.

Според последните податоци, епицентарот бил на 19 километри југозападно од градот Гоксун.

Овој дел на Турција, а и соседна Сирија, пред 12 дена го потресоа серија силни земјотреси кои според последните информации однесоа повеќе од 40.000 човечки животи.