Фото: Твитер/Ентони Блинкен

Нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје и САД не гледаат причина да ја променат готовноста на своите нуклеарни сили, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „теоретски“ Русија може да употреби нуклеарно оружје во случај на закана за нејзиниот територијален интегритет или постоење, но дека тоа не е неопходно.

Блинкен, исто така, ги демантираше информациите дека имало договор меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма. Тој увери дека нема таков договор, откако во медиумите се појавија информации во оваа насока.