Неколку лица загинаа откако напаѓач отвори оган во куќа во холандскиот град Ротердам, а потоа во Универзитетската болница „Еразмус“. По пукањето на двете места изби пожар.
Сè уште не е познато колку луѓе загинале, а колку се повредени во вооружениот инцидент.
Полицијата соопшти дека уапсила 32-годишен напаѓач.
По апсењето на осомничениот, холандската полиција соопшти дека поголем број луѓе загинале, без да прецизира бројка. Исто така полицијата се сомнева дека најверојатно имало и втор напаѓач.