Фото: Принтскрин/Јутуб

Се смета дека најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, изјави за „Би-би-си“ Кевин Картрајт од противпожарната служба на Балтимор.

Тој претходно рече дека спасувачи трагаат по најмалку седум лица во реката Патапско.

Картрајт нагласи дека условите за спасување се несигурни бидејќи делови од држачите сè уште висат од мостот, што значи дека спасувачките тимови мора да работат многу внимателно.

На местото на несреќата присутни се и нуркачи.

Превозната бродска компанија „Синерџи марин Груп“ (Synergy Marine Group) потврди дека нејзиниот товарен брод под сингапурско знаме „Дали“ удрил во столб на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор.

– Иако точната причина за инцидентот допрва треба да се утврди, можеме да потврдиме дека сите членови на екипажот се безбедни и нема извештаи за повредени – се вели во соопштението на компанијата.