Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови како и другите земји за да стане членка на НАТО.

Тој наведе дека не треба да ѝ се олесни пристапот на Украина.

Украина не може да биде фаворизирана и мора да се почитуваат сите критериуми. Значи, нема да и олесниме, посочи Бајден.

Тој додаде дека на Самитот на НАТО во Вилнус, Украина нема да добие покана за членство, потенцирајќи оти земјата стане членка на НАТО „кога ќе дојде време“.