Судан се соочува со глад којa би можелa да биде најголема по таа која светот ја видел во Етиопија пред 40 години, предупредуваат американски официјални претставници, додека испораките на помош и натаму ги блокираат завојуваните армии, но снабдувањето со оружје за двете страни продолжува да се одвива.
Хуманитарниот апел на Обединетите нации за земјата доби само 16 отсто од средствата кои и се потребни.
– Потребно ни е светот да се разбуди за катастрофата што се случува пред нашите очи – изјави за новинарите Линда Томас-Гринфилд, амбасадорка на САД во ОН, а пренесува „Гардијан“.