Уставот на Иран налага во случај на смрт на претседателот, функцијата да ја преземе првиот потпретседател, со потврда на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања.
Советот, кој го сочинуваат првиот потпретседател, претседателот на парламентот и првиот човек на судството, мора да организира избор на нов претседател во рок од најмногу 50 дена.
Така, улогата на претседател привремено ќе ја преземе потпретседателот Мухамед Мокбер.
Инаку, Мокбер е роден во 1955 година, исто како и Раиси. Се верува дека е близок со Али Хамнеи, кој на крајот ја донесува конечната одлука. Toj стана прв потпретседател во 2021 година кога Раиси беше избран за претседател.
Тој беше меѓу иранските функционери кои ја посетија Москва во октомври и се согласија да достават ракети и беспилотни летала за руската војска. Пред тоа, тој беше на чело на Сетад, инвестициски фонд поврзан со Врховниот лидер.
Мокбер беше санкциониран од Европската унија во 2010 година поради вмешаност во нуклеарни или балистички ракетни активности, но две години подоцна беше отстранет од таа листа.
Сетад, кој беше создаден со цел да управува и продава недвижен имот, кој беше напуштен по Исламската револуција, е на црната листа на САД од 213 година.