Мјанмар сега е најголемиот светски производител на опиум, престигнувајќи го Авганистан по репресијата на талибанската влада врз трговијата со дрога, се наведува во извештајот на ОН. Според најновиот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Мјанмар годинава произведе околу 1.080 метрички тони опиум – клучната состојка за тешката дрога хероин. Според УНОДЦ, бројките доаѓаат откако производството на опиум во Авганистан се намали за околу 95 отсто, на околу 330 тони, по забраната на талибанците за одгледување афион во април минатата година.