Фото: УНИЕФ

Колерата им се заканува на милијарди луѓе во 43 земји, предупредија Обединетите нации.

Пандемијата ги убива сиромашните пред наши очи и точно знаеме како да ја спречиме, но потребна ни е поголема поддршка и посветеност од меѓународната заедница, бидејќи ако не се дејствува веднаш, ситуацијата ќе се влоши – рече Џером Пфафман Замбруни, шеф на одделот за јавни работи на УНИЦЕФ за здравствена криза.

– Светската здравствена организација [СЗО] проценува дека една милијарда луѓе во 43 земји се изложени на ризик да заболат од колера – рече неговиот колега Хенри Греј, претставник на СЗО задолжен за борба против злото, кое брзо се шири поради лошите санитарни услови и недостатокот на вода за пиење – пренесува „Хина“ – повикувајќи се на„АФП“.

Колерата предизвикува крвава дијареа и повраќање и може да биде многу опасна за малите деца.

На ОН им се потребни 640 милиони долари за борба против оваа заразна болест.

СЗО предупредува дека кампањите за вакцинација наидуваат на многу тешкотии.

Годинава 24 земји пријавија епидемии на колера, а лани имаше 15 во средината на мај.

Греј го припишува зголемувањето на сиромаштијата, конфликтите, климатските промени и миграцијата на луѓето што ги поттикнуваат во многу несигурни услови.

СЗО мораше да издаде препорака за само една доза од вакцината, наместо две, за да спаси повеќе луѓе, но со ризик од пократко траење на заштитата.

– Иднината не е светла – предупреди Греј.