Фото: принтскрин

Најпродаваната авторка на книги за самопомош, Мериен Вилијамсон, објави дека сака да стане кандидат на Демократската партија на САД за претседател на изборите во 2024 година, со што ќе стане првиот голем конкурент на претседателот Џо Бајден од неговата партија.

Во 2020 година, Вилијамсон учествувала на таканаречените прелиминарни избори на партијата, каде што се избира кандидатот на партијата за претседател на САД. Тогаш победник беше Бајден, кој сè уште официјално не објавил дека ќе бара реизбор, но тоа се очекува.

Кампањата на Вилијамсон започна во саботата на настан во Вашингтон, а на Фејсбук, без да го спомене поранешниот американски претседател Доналд Трамп, таа посочи дека неговата неконвенционална победа на претседателските избори во 2016 година докажа дека е „чудно“ што (сега) секој може да помисли дека знаат кој може да победи“ на тие избори.

-Не навлегувам повторно во сето ова само за да го додадам мојот глас во дискусијата. Влегувам во трката за претседател со цел да придонесам да се стави крај на ова ненормално поглавје од нашата историја и да се тргне во нов почеток – напиша таа.

Вилијамсон (70) рече дека има намера да ги посети државите каде најпрвин ќе се одржат првичните избори за демократскиот претседателски кандидат. Засега таа е единствената демократка која се пријавила. Кандидатурата на Бајден, според неговите соработници, се очекува во април.