Фото: Твитер

Украинскиот лидер Владимир Зеленски може да заврши како Адолф Хитлер, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

-Суштеството во зелено им посака смрт на сите во Кремљ. Како некој ќе умре, не знаеме, бидејќи патиштата Господови се непознати. Но, наркозависникот од Киев има шанса да умре од своја рака. Може да побегне, кукавички да се самоубие. Како Хитлер – напиша тој на својот канал на Телеграм.

Според една верзија, Хитлер, водачот на нацистичка Германија во Втората светска војна, умрел со каснување во ампула со цијанид на 30 април 1945 година во неговиот „Führerbunker“ во Берлин, додека според друга верзија, тој се самоубил пукајќи во себе.