Фото: Твитер/Дмитри Медведев

Поранешниот руски претседател и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Медведев денеска изјави дека испораката на западното оружје за Киев може да доведе до глобална нуклеарна катастрофа.

Во авторски текст напишан за рускиот весник „Известија“, Медведев користи апокалиптична реторика за да го одврати НАТО и неговите сојузници да ѝ помогнат на Украина со испраќање на оружјето што му е потребно на Киев за да се одбрани.

Медведев, инаку заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, битката во Украина ја опиша како егзистенцијална битка за опстанок на Русија и рускиот народ.

– Се разбира, испраќањето оружје може да продолжи и со тоа да се спречи секаква можност за заживување на преговорите. Токму тоа го прават нашите непријатели. Тие не сакаат да сфатат дека нивните цели сигурно ќе доведат до целосно фијаско. Колапс, Апокалипса во која можете да заборавите на своите поранешни животи, се додека урнатините не престанат да емитираат радијација – напиша Медведев.