Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна.

По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на „примитивна војна“ во која Русија треба да биде „понижена, исолирана, потресена, поделена и уништена“, објави Медведев на Телеграм, пренесува ДПА.

– И сега да замислиме дека Америка ќе биде успешна во оваа рунда од конфронтацијата. Ова ќе биде резултатот: најголемата нуклеарна сила ќе биде под нестабилно политичко водство, со пропадната економија и максимален број нуклеарни бомби насочени кон цели во САД и Европа – објави Медведев.

Кина ќе биде следната жртва на САД, предвидува Медведев, „и тогаш ќе бидат само неколку кратки чекори до најголемата глобална катастрофа – колапс во снабдувањето со енергија и храна, неуспех на сите колективни безбедносни системи и набргу потоа, голема нуклеарна експлозија“.