Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во интервју за француските медиуми изјавил дека неговиот руски колега Владимир Путин направил историска грешка со инвазијата врз Украина, јави МИА.
– Мислам, и му кажав, дека направи историска грешка за својот народ, за себе и за историјата. Мислам дека се изолираше. Да се изолираш е една работа, но да бидеш во состојба да излезеш од тоа е тежок пат – вели Макрон во интервјуто.
Францускиот претседател повтори дека Русија не треба да се понижува и информираше дека не исклучува посета на главниот град на Украина – Киев.