Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека има застој на линијата на украинскиот фронт, нагласувајќи дека созреале условите за почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина, пренесе „Ројтерс“.

Лукашенко рече дека прелиминарните текстови за кои разговарале руски и украински официјални лица во Турција во првите недели од војната може да послужат како почетна точка за преговорите.

Белорускиот претседател исто така рече дека може да има „апокалипса“ доколку Русија користи нуклеарно оружје како одмазда за акциите на Западот.

Тој нагласи дека во Белорусија се распоредени „неколку десетици“ руско тактичко нуклеарно оружје.