Седум лица загинаа откако екстремно студено време го погоди Алтај во автономната област Ксинџијанг Ујгур во северозападна Кина.
Според информациите од локалните власти, Алтај го претрпел најсилниот студен бран во изминатите 10 години, придружен со силни ветрови и виулици, јавува Кинеското меѓународно радио.
Осум лица се пријавени дека исчезнале во близина на националниот автопат Г217, кој е клучна врска меѓу северниот и јужниот дел на Ксинџијанг. Повикот за спасување бил упатен во саботата околу 11 часот, а локалната полиција веднаш тргнала во акција.
Во неделата сите осум лица беа пронајдени и испратени во болница.
Оттогаш починаа седум лица, а виталните функции на осмото лице во моментов се стабилни.