Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

На 28.11.2022 во 07.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Скупи“ во Скопје, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(56) од сelo Долно Коњари, скопско, удрило во електричен тротинет управуван од Д.Т.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.