Фото: МНР на Русија

Русија е заинтересирана за стабилен и доследен развој на односите со Кина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со неговиот кинески колега Ванг Ји.

– Поминуваме низ многу сериозна фаза во историјата на меѓународните односи. Убеден сум дека како резултат на оваа фаза меѓународната ситуација ќе стане многу појасна и заедно со вас, заедно со другите истомисленици, ќе се движиме кон мултиполарен, праведен, демократски светски поредок – рече Лавров.

Најавено е разгледување на чекори за развивање на односите.

– Заинтересирани сме нашите односи со Кина да продолжат да се развиваат стабилно и доследно. Нашите лидери, претседателот Путин и претседателот Си Џинпинг, се согласија. Денеска ќе разгледаме конкретни чекори насочени кон тоа сите овие договори да бидат доследно имплементирани – посочи Лавров.