Сергеј Лавров/Фото: Архива

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но потенцираше дека почнала нова фаза од „специјалната воена операција“.

– Ќе користиме само конвенционално оружје – потенцираше Лавров.

Тој зборуваше за втората фаза од инвазијата. – Почнува втората фаза од оваа операција и сигурен сум дека ова ќе биде многу важен момент за целата специјална операција, рече Лавров.

Украински и западни претставници, како и експерти и аналитичари веќе изјавија дека Москва започнала офанзива во источна Украина, а тоа денеска го потврди и Лавров.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, кон крајот на март изјави дека Русија во никој случај нема да користи нуклеарно оружје во Украина.