Фото: Аналена Баребок - Твитер

Кредибилитетот на Европската унија е доведен во прашање во случајот со наводната корупција во Европскиот парламент, предупреди денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Таа најави дека овој, како што го нарече „неверојатен инцидент“, мора целосно да се „разјасни со целосна примена на законот“.

– Ова е за кредибилитетот на Европската унија, така што има последици во различни области – изјави Бербок за новинарите по пристигнувањето на министерскиот состанок на ЕУ во Брисел, пренесе Танјуг.