Фото: МОН

Министерството за образование и наука информира дека дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно однапред утврдената динамика.

Во тек е испораката на учебници согласно последниот од вкупно 4 потпишани договори за учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи во следните денови. Над 90 отсто од учебниците се испорачани, односно околу 235 илјади учебници се веќе предадени на учениците од овие одделенија.

До крајот на првото полугодие ќе бидат дистрибуирани сите учебници.