Фото: Принтскрин

Хамас вели дека е подготвен да започне преговори за ослободување на заробените израелски војници – откако ќе бидат ослободени сите жени и деца. Сепак, велат дека војниците ќе бидат ослободени, но само под нови услови.

– Нашето раководство во Појасот Газа објави дека – до овој момент – сме размениле само заробени жени и деца. Подготвени сме да преговараме со други затвореници, од двете страни. Ние држиме заробени војници, како и доселеници. Подготвени сме да преговараме за нивна размена. Се разбира, размената на цивили и воени затвореници не е иста. Имавме основа за преговори кога станува збор за ослободување на цивили, но за размена на војници ќе треба да договориме нова рамка – вели членот на политичкото крило на Хамас, Гази Хамад.