Украинската војска користи т.н. „терминатор-дронови“ за Русите да помислат дека се гонети од злонамерната вештачка интелигенција „Скајнет“ од познатиот филмски серијал „Терминатор“, пишува „Њузвик“ повикувајќи се на тврдењата на поранешен советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Игор Новиков ги изнесе овие тврдења во разговор за американската телевизија „Ем-ес-ен-би-си. Тој посочи дека украинските сили ги камуфлирале комерцијалните дронови за да наликуваат на машините од научно-фантастичниот филмски хит.
– Итрото, креативно решение кое нашите војници го осмислија за да не трошат муниција, претставува користењето на комерцијален дрон со камера и камуфлажа, за да наликува на нешто од најлошиот филм „Терминатор“. Тоа изледа неверојатно страшно. Тие потоа ги користат дроновите на местата на кои се наоѓаат руските војници – вели Новиков.
Покрај комерцијалните дронови кои не се вооружени, украинските сили користат и воени дронови способни за напади.
САД ќе ја вооружат Украина и со „камикаѕе-дронови“
Прес-секретарот на Пентагон Џон Кирби завчера истакна дека САД испратиле 100 летала познати и како „камикаѕе-дронови“ во Европа, за да ги користи украинската армија.
Згора, Пентагон ги обучува украинските војници во САД за користење на оружјата, објави „Њујорк тајмс“, откако американскиот секретар за одбрана Лојд Остин открил информации за обуката во обраќањето во Белата куќа во вторникот.