Фото: Принтскрин/Јутуб

Итан Крамбли убил четворица соученици во средно училиште во Оксфорд, во американската сојузна држава Мичиген, во ноември 2021 година, кога имал 15 години. Повеќе од три години подоцна, судот во Мичиген го прогласи таткото на Итан, Џејмс (47) за виновен за убиство од небрежност, пренесуваат светските медиуми.

Во февруари мајката на Итан, Џенифер (45) беше прогласена за виновна по четири точки од обвинението за убиство од небрежност. Ова е прв случај кога родителите се обвинети за кривично дело извршено од нивното дете.

Џејмс Крамбли постојано ги игнорирал предупредувачките знаци дека неговиот син е вознемирен.

– Тој не побара помош, ниту направи доволно за безбедно да го чува оружјето во семејната куќа – рече обвинителката Карен Мекдоналд.

Обвинителот ги покажал пораките што Итан му ги пратил на пријател. Во нив јасно кажал дека слуша гласови и оти му треба помош, но бил загрижен дека татко му ќе се налути.

– Го замолил татко му да го однесе на лекар, но тој му дал апчиња и му рекол да ги пие“, додала таа.

Адвокатот на Џејмс Крамбли го бранеше својот клиент.

– Џејмс не насетувал дека на син му му е тешко – кажа правниот застапник на обвинетиот.

Во понатамошната дискусија, беше откриено дека наставник нашол вознемирувачки цртежи на Итан на кои биле прикажани пиштол, куршум и крвава фигура. Училиштето ги повикало родителите во училиштето за да го однесат нивниот син дома.

Подоцна, Итан се вратил на час, извадил пиштол од тоалетот и почнал да пука. Убил четворица врсници, а ранил уште седуммина. Изрекувањето на пресудата за Џенифер Крамбли е закажано за 9 април, додека датумот на пресудата на Џејмс се уште не е познат.