Исланд на референдум гласаше „против“ продолжување на преговорите за пристапување кон Европската Унија. Според конечните резултати, 52,8 проценти од граѓаните (99.037) гласаа „против“, а 47,2 проценти (89.459) гласаа „за“.
Главниот град Рејкјавик беше единствениот регион во земјата што го поддржа референдумот.
Резултатот веројатно ќе ги замрзне сите дискусии за членството на Исланд барем до 2028 година и е разочарување за ЕУ, која се чинеше дека е подготвена на компромис за да го прифати Исланд во своите редови, забележуваат светските агенции.
Во 2009 година, откако тешка финансиска криза ја потресе нејзината економија, земјата со речиси 400.000 жители аплицираше за членство во ЕУ, но во 2013 година, откако на власт дојде евроскептична влада, преговорите беа замрзнати.
Исланд моментално е тесно поврзан со ЕУ преку членството во Европската економска зона и Шенген зоната. Се очекува овие односи да останат непроменети.



































