Фото: Принтскрин/Јутуб

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот кај Москва, преку својот канал на Телеграм, објави британски „Гардијан“.

– Борците на Исламската држава нападнаа голем собир на христијани во предградијата на руската престолнина Москва, убивајќи и ранувајќи стотици и предизвикувајќи големо уништување на локацијата пред безбедно да се повлечат во своите бази – се вели во објавата на Телеграм.

Руската полиција уапси осомничен за нападот во трговски центар кај Москва, јавија локалните медиуми.

Руските медиуми јавуваат дека во нападот учествувале најмалку пет вооружени лица.

Федералната служба за безбедност претходно потврди дека во нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Рускиот Истражен комитет соопшти дека инцидентот го истражуваат како терористички напад.