Фото: Фејсбук/Совет на Европа

Ирецот Мајкл О’Флаерти е избран за нов комесар за човекови права на Советот на Европа на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур.

Шеесет и четиригодишниот адвокат, специјализиран за човекови права, беше избран за шестгодишен мандат во вториот круг.

О’Флаерти освои 104 гласа, додека поранешната бугарска министерка Маглена Кунева доби 70 гласа, а Австриецот Манфред Новак 37, се вели во соопштението на ПССЕ.

Тој ќе ја наследи Дуња Мијатовиќ од БиХ, избрана во јануари 2018 година, чиј мандат беше обележан со војната што Русија ја води против Украина.