Иранските хакери од групата „Татковинска правда“ продолжуваат со објавување тајни податоци преземени по кибер-нападите врз албанските владините системи, извршени на 15 јули и на 9 септември.
Денеска објавија податоци на вработените во албанската тајна служба, ШИШ, меѓу другото и нивните безбедносни сертификати и криминални досиеја.
-Homeland Justice ги објави податоците на мрежата Телеграм, каде се објавени 214 страници документи, покрај кои пишуваат: „Тревата е секогаш позелена на страната на терористите! О вие што барате од историјата и криминалната историја на секој Албанец! Дали вие го сторивте истото за тие комунистички терористи? – пишуваат хакерите – јави агенцијата Балкан веб.
Ова не се првпат да објавуваат податоци за ШИШ, претходно објавија податоци за првиот човек на ШИШ, Херолинд Бендо неговиот заменик Олијан Кануши, односно лични податоци за двајцата, нивни фотографии и телефонски броеви, е- пошта, податоци за патувања.
Исто така објавија податоци и за претходниот генерален директор на полицијата Гледис Нано, за актуелниот Мухамет Румбулаку, за премиерот Еди Рама и повеќе министри, како и лични податоци на албански државјани, дури и единствениот избирачки список.
Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојаното објавување мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем за што ќе потроши 2,8 милиони евра.