Иранскиот режим се согласи да нема нуклеарно оружје, изјави претседателот Доналд Трамп во подкастот „Под Форс Оне“ (Pod Force One) на Њујорк Пост – но тој додаде дека Техеран сè уште може да „го промени мислењето“, објави „Си-ен-би-си“.
– Морав да кажам дека мораме да направиме нешто за Иран, бидејќи без разлика колку добро работиме (економски), не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија дека нема да имаат нуклеарно оружје – рече тој во интервјуто, објавено денес.
На прашањето да потврди дека иранскиот режим се согласил со тој термин, Трамп рече: „О, да, тие се согласија со тоа“.
– Мислам, сега тие можат да се предомислат, но тоа беше една од работите што мораа да се согласат, тие се согласија на тоа. Тоа беше голема работа – рече тој.
Иранското Министерство за надворешни работи одби да го коментира интервјуто на Трамп.

































