Фото: Принтскрин/јутуб

Иранската армија произведе нов тип на самоубиствен дрон, дизајниран да влезе во цел и да експлодира, а наликува на рускиот „ZALA Lancet“, пренесува иранската агенција „Тасним“.

Руската војска го користи овој дрон во конфликтот во Украина, а оружјето се користи во операции против заседа.

Името на новото летало не е познато, но „Тасним“ вели дека станува збор за беспилотно летало дизајнирано да шета низ одредена област додека не најде цел. Опремен со електро-оптички системи и вградена боева глава, овој вид „скитничка муниција“ е широко користен во копнените војни.

Доколку новото летало произведено од Иран е инспирирано од руското производство „Лансет“, тогаш  дронот би имал издржливост на летот од 30 до 60 минути и би носел од три до шест килограми во домет од 40 километри – објави „Танјуг“.

САД, Велика Британија и Канада во четвртокот воведоа нови санкции кон Техеран, насочени кон производство и извоз на беспилотни летала, по нападите на Иран врз Израел.

Министерот за надворешни работи Насер Канаани најави дека Иран има право да се вооружи за одбрана на земјата, како и да преземе воена акција против Израел.

Иранските напади врз Израел уследија по наводниот израелски воздушен напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој беа убиени високи претставници на Корпусот на Исламската револуционерна гарда.