Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека меѓу земјите од Западот и НАТО има и такви кои не сакаат да заврши војната во Украина.

Тој не сакаше да прецизира за кои земји станува збор, но посочи дека „генералниот секретар на ОН добро го знае тоа“.

– Има држави на Западот кои сакаат војната да продолжи, вклучително и земји-членки на НАТО. Јас не мислам само на САД, мислам на земји-членки на НАТО – рече Чавушоглу – пренесува ТАСС.

Според шефот на турската дипломатија, имало земји кои сакале да го саботираат договорот за извоз на житарици од украинските пристаништа, но прецизираше дека не биле САД во прашање.

– САД придонесоа за склучување на договорот за житарици, вклучително и укинување на ограничувањата за извоз на руско ѓубриво, деблокирање на пристаништата и укинување на ограничувањата за банкарското работење – рече Чавушоглу.

Тој изјави дека имало и европски земји кои сакале да го саботираат договорот.