Фото: Принтскрин

На социјалната мрежа „Твитер“, како што беше најавено во текот на претходните денови, дојде до нова промена – ограничен е бројот на твитови што можете да ги читате дневно, пренесе РТС.
– „Твитер“ воведе привремено ограничување на бројот на твитови што корисниците можат да ги читаат во текот на денот – изјави Илон Маск, сопственик на социјалната мрежа.
Тој исто така истакна дека корисниците кои имаат непроверени сметки можат да прочитаат 600 (800 во иднина) твитови во текот на денот, а новите непроверени корисници можат да прочитаат само 300 (400 во иднина) твитови.

Корисниците со проверени сметки можат да читаат 6.000 објави дневно, а Маск вчера вечер најави дека бројот на објави ќе биде зголемен на 8.000.