Илустрација (Фото: Принтскрин)

Руските сили го нападнаа Киев во текот на ноќта со беспилотни летала по 12 дена, изјави украински воен претставник. Руската страна соопштува дека во украинското гранатирање на Токмак загинал еден цивил, додека пет деца се ранети. Контраофанзивата на украинските сили ќе трае долго и ќе биде „крвава“, изјави американскиот генерал и претседател на Здружениот генералштаб Марк Мили, пренесува РТС.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека постои „сериозна закана“ за нуклеарната централа Запорожје и дека Русија е „технички подготвена“ да предизвика локализирана експлозија во тој објект.
Американскиот генерал и претседател на Здружениот Генералштаб Марк Мили изјави дека украинската контраофанзива ќе биде многу тешка и ќе биде потребно долго време за да се постигне успех.
– Ќе биде многу долго, и ќе биде многу, многу крваво. И никој не треба да има илузии за ништо од тоа – рече генералот Мили.

Еден 51-годишен маж загина во гранатирање во село во близина на линијата на фронтот во југоисточниот регион Запорожје, соопштија локалните власти. Две деца се повредени и во руското гранатирање на станбена зона во јужниот украински град Керсон.

Руската страна соопштува дека во украинското гранатирање на Токмак загинал еден цивил, додека пет деца се ранети.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека постои „сериозна закана“ за нуклеарната централа Запорожје и дека Русија е „технички подготвена“ да предизвика локализирана експлозија во тој објект.

Минатонеделниот бунт на групата Вагнер служи како „живописен потсетник за корозивниот ефект на војната на Путин врз неговото општество и неговиот режим“, рече директорот на ЦИА Вилијам Барнс, кој неодамна беше во тајна посета на Киев.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се обрати пред украинскиот парламент откако неговата земја го презеде претседавањето со Европската унија. Тој рече дека Украина ќе ја добие војната против Русија и дека, со текот на времето, ќе добие пристап до блокот.