ФОТО: Пискабеј

Шеесетгодишен маж кој живее на улицата Чапрашка Пољане во Сисак синоќа околу 20 часот и 10 минути вооружен со огнено оружје дошол во куќите на своите соседи и отворил оган кон нив. Убил 45-годишна жена, ранил четири други лица, запалил две куќи и својата, а потоа избегал, пренесе Макфакс.

Тој е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде спроведена кривична истрага, извести рано утрово полицијата во Сисак-Мославина.

Во пукањето во населбата Чапрашка Пољане убиена е 45-годишна жена, а ранети се четири лица.

Како што објави „Индекс“, мажот пред бегството запалил куќи и автомобили, а при интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар.

Вчера нешто по 20:00 часот била известена полицијата, која го блокира местото и со часови во текот на ноќта трагаше по напаѓачот.

Го барале напаѓачот со дронови, а користени биле и термо камери.