Илон Маск соопшти дека нашол замена за функцијата извршен директор на компанијата „Твитер“.
– Возбуден сум што можам да објавам дека вработив нова извршна директорка за Екс/Твитер. Таа ќе започне за шест недели! – напиша Маск на Твитер.
„Мојата улога ќе премине на местото извршен претседател и технички директор, надгледување на производи, софтвер и системи,“ додаде тој во твитот.
Милијардерот роден во Јужна Африка наведе дека неговата замена на чело на технолошкиот гигант ќе ја започне работата за околу шест недели.
Маск стана сопственик и главен извршен директор на Твитер кон крајот на октомври. Тој во декември најави во твит дека ќе се повлече од функцијата извршен директор „штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата“.