Фото: ЕПА

Во сите четири серии моментниот резултат е 3-2, а водат Денвер, Лос Анџелес лејкерс, Мајами и Филаделфија

КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Кошаркарите на Њујорк го победија Мајами на свој терен со 112-103 во петтиот натпревар од полуфиналето на плејофот во Источната конференција на НБА-лигата. Во серијата што се игра до четири победи, Њујорк со оваа победа ја намали разликата и сега Мајами води минимално со 3-2. Њујорк до победата го предводеше Џејлен Брансон со 38 поени, девет скока и седум асистенции, додека кај поразениот тим се истакна Џими Батлер со 19 поени, седум скока и девет асистенции.
Кошаркарите на Голден стејт пред своите навивачи го совладаа тимот на Лос Анџелес лејкерс со 121-106 во петтиот натпревар од полуфиналето на плејофот на Западната конференција во НБА-лигата. Со оваа победа тие ја намалија разликата во серијата во која лејкерси сега водат со 3-2.
Најдобар во тимот од Сан Франциско беше Стеф Кари со 23 поени, три скока и осум асистенции, додека кај поразениот тим, стандардно се истакна Леброн Џејмс со 25 поени, девет скока и три асистенции.
Шестите натпревари помеѓу овие двојки, се играат в сабота наутро, а домаќини се Мајами и Лос Анџелес лејкерс. Г.И.