Хамас денеска го повтори барањето, кое го упати по состанокот на израелските официјални претставници со претставниците на Катар и Египет, дека ослободувањето на сите заложници што ги држи ќе бара гаранции за прекин на сите израелски воени операции во Појасот Газа и повлекување на сите израелски инвазивни сили.
– Успехот на состанокот во Париз зависи од тоа дали Израел ќе се согласи да стави крај на сеопфатната агресија во Појасот Газа – рече високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри.
Сепак, не беше веднаш јасно дали Хамас ќе ги ослободи сите или само некои од 132-та заложници доколку се исполни овој услов.
Хамас претходно соопшти дека ослободувањето на сите заложници подразбира и Израел да ги ослободи илјадниците Палестинци што ги држи во своите затвори од безбедносни причини.